ПАЦИЕНТИ НА 23 И 29 ГОДИНИ МЕЃУ ДЕВЕТМИНАТА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 98 ПОЗИТИВНИ ОД 1.404 ТЕСТОВИ

    ПАЦИЕНТИ НА 23 И 29 ГОДИНИ МЕЃУ ДЕВЕТМИНАТА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 98 ПОЗИТИВНИ ОД 1.404 ТЕСТОВИНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент, од кои 2 на респираторна машина. - Возило на Брза помош пред „8 Септември“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дваесет и тригодишно лице од Скопје и 29-годишно од Струмица се меѓу починатите 9-мина во последното деноноќие по компликации од ковид-19. Во извештајот на Министерството за здравство стои дека починатите се од  Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62), од Куманово (60), од Велес (70), двајца од Скопје (71 и 23), двајца од Струмица (29 и 44). Од нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.

    Во последните 24 часа се направени 1.404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149 позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 15.925, од кои оздравеа 13.418, починаа  661, а  активни се 1.846. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6.373, активни 540

    • Куманово 1611, активни 195

    • Дебар 268, активни 35

    • Штип 1.209, активни 70

    • Прилеп 567, активни 130

    • Тетово 1.312, активни 116

    • Струга 630, активни 66

    • Велес 289, активни 17

    • Битола 249, активни 51

    • Охрид 396, активни 56

    • Кавадарци 202, активни 30

    • Гостивар 857, активни 92

    • Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 112, активни 49

    • Крива Паланка 84, активни 36

    • Радовиш 52, активни 9

    • Крушево 18, активни 2

    • Кочани 191, активни 53

    • Пробиштип 97, активни 20

    • Демир Хисар 60, активни 1

    • Македонски Брод 84, активни 7

    • Пехчево 42, активни 23

    • Берово 74, активни 27

    • Валандово 11, активни 3

    • Виница 94, активни 27

    • Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 5

    • Свети Николе 309, активни 18

    • Кичево 291, активни 28

    • Ресен 153, активни 6

    • Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.404 теста се преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-253, Биотек-239, МАНУ -163, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со ПЦР метода -179, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-15, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 50

    • Гази Баба – 74

    • Аеродром – 86

    • Карпош – 74

    • Центар – 72

    • Кисела Вода – 54

    • Ѓорче Петров – 26

    • Бутел – 35

    • Шуто Оризари – 13

    • Студеничани – 9

    • Сарај – 15

    • Арачиново – 9

    • Илинден – 8

    • Сопиште – 2

    • Чучер Сандево – 2

    • Петровец – 4

    • Зелениково – 1

    • Странец – 3

    • Нераспределен-3

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира