ПЕНДАРОВСКИ И ДРУГИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ОД ИСТОЧНОТО КРИЛО НА НАТО ВЕЛАТ ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ДА ГИ ПРИЗНААТ РУСКИТЕ ОБИДИ ЗА АНЕКСИЈА НА УКРАИНСКА ТЕРИТОРИЈА

    ПЕНДАРОВСКИ И ДРУГИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ОД ИСТОЧНОТО КРИЛО НА НАТО ВЕЛАТ ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ДА ГИ ПРИЗНААТ РУСКИТЕ ОБИДИ ЗА АНЕКСИЈА НА УКРАИНСКА ТЕРИТОРИЈАПретседателот Пендаровски и словачката претседателка Чапутова за време на нејзината посета на Скопје на 7 септември. (Фото: СДК.МК)

    Претседателите на земјите членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу нив и Стево Пендаровски, во заедничка изјава кажаа дека не ги признаваат и никогаш нема да ги признаат руските обиди за анектирање на која било украинска територија, по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за анексија на четири украиски региони. Претседателите на Чешка, Естонија, Литванија, Летонија, Македонија, Црна Гора, Полска, Словачка и Романија, исто така, побараа од сите сојузници значително да ја зголемат воената помош кон Украина.

    „Повторно ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија. Цврсто стоиме на одлуката од НАТО Самитот во 2008 година во Букурешт за членството на Украина во иднина. Даваме целосна поддршка на Украина во својата одбрана од руската инвазија, бараме од Русија веднаш да се повлече од сите окупирани територии и ги охрабруваме сите сојузници значително да ја зголемат воената помош кон Украина. Секој што ќе изврши чин на агресија мора да сноси одговорност и да биде изведен пред правдата“, велат во заедничката изјава Милош Земан од Чешка, Алар Карис од Естонија, Егилс Левиц од Летонија, Гитанас Науседа од Литванија, Стево Пендаровски од Македонија, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора, Анджеј Дуда од Полска, Клаус Јоханис од Романија и Зузана Чапутова од Словачка.

    Претседателите од Централна и Источна Европа велат дека како земји чии што лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можат да молчат пред фрапантното прекршување на меѓународното право од страна на Руската Федерација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира