ПЕНДАРОВСКИ И НЕГОВИОТ КАБИНЕТ ЌЕ ЗЕМАТ ПЛАТА ЗА ЈАНУАРИ ОТКАКО СЕ ДОГОВОРИЈА СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

    ПЕНДАРОВСКИ И НЕГОВИОТ КАБИНЕТ ЌЕ ЗЕМАТ ПЛАТА ЗА ЈАНУАРИ ОТКАКО СЕ ДОГОВОРИЈА СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИПретседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати. - Стево Пендаровски; Фатмир Бесими (Фото: СДК.МК)

    Платата за јануари за претседателот Стево Пендаровски и вработените во неговиот кабинет ќе биде исплатена во наредните денови, откако е најдено решение помеѓу институциите Претседател и Министерството за финансии, соопштија од Претседателскиот кабинет.

    На 3 февруари, Претседателскиот кабинет од Министерството за финансии добил образложение дека во буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во кабинетот на претседателот. Од претседателскиот кабинет тогаш кажаа дека ваквото образложение од министерството на Фатмир Бесими е неосновано, бидејќи средствата за покачување од 5 отсто за вработените во кабинетот се обезбедени од сопствени заштеди на институцијата и не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии.

    „Платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5% за административните службеници во Кабинетот. Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати“, соопштија денеска од Претседателскиот кабинет.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира