ПЕНДАРОВСКИ СЛЕДНИОТ ВТОРНИК НА СРЕДБА СО МАКРОН

    ПЕНДАРОВСКИ СЛЕДНИОТ ВТОРНИК НА СРЕДБА СО МАКРОНПретседателот вчера по средбата со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли изјави дека веднаш по бриселскиот самит дипломатијата правела напори да се закаже средба на што повисоко политичко ниво во Франција, како и со претседателот Макрон. (Фото: СДК.МК)

    Од кабинетот за САКАМДАКАЖАМ.МК на претседателот Стево Пендаровски потврдија дека тој на 12 ноември ќе се сретне со претседателот на Република Франција Емануел Макрон. Пендаровски следната недела во вторник и среда ќе присуствува на Парискиот мировен форум, а средбата со Макрон, како што велат од неговиот кабинет ќе биде одделна.

    Претседателот вчера по средбата со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли изјави дека веднаш по бриселскиот самит дипломатијата правела напори да се закаже средба на што повисоко политичко ниво во Франција, како и со претседателот Макрон.

    На 18 октомври, на прес-конференција по состанокот на Европскиот совет, на кој не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ, Макрон најави дека во наредните месеци ќе дојде во Скопје и во Тирана. Тој тогаш рече дека верува оти дека отворањето преговори со Северна Македонија, а не и со Албанија би било многу лошо за регионот, и дека тоа би било смртоносна политичка грешка. Укажа и дека неговото вето за Северна Македонија и Албанија не се должи на каприц, туку на различна визија за иднината на Европа.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира