ПЕНДАРОВСКИ СО ВОДСТВО ОД 20% ПО НАД 25% ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИ

    ПЕНДАРОВСКИ СО ВОДСТВО ОД 20% ПО НАД 25% ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИСпоред последните бројки за излезноста, до 18.30 часот денеска гласале 44,53 отсто од избирачите. - Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова по денешното гласање (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има водство од речиси 20% пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова по преброени нешто 26,8% од гласовите од вториот круг на претседателските избори.

    Пендаровски има 110.728 (57,67%) гласови, додека Силјановска-Давкова има 74.722 (38,92%), според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија.

    Според последните бројки за излезноста, до 18.30 часот денеска гласале 44,53 отсто од избирачите, што значи дека е успешен е вториот круг од претседателските избори

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира