ПЕНДАРОВСКИ ВОДИ СО 13% ПО ОБРАБОТЕНИ НАД 50% ОД ГЛАСОВИТЕ

    ПЕНДАРОВСКИ ВОДИ СО 13% ПО ОБРАБОТЕНИ НАД 50% ОД ГЛАСОВИТЕВториот круг од претседателските избори е успешен, бидејќи излезноста е над 40%. - Стево Пендаровски со семејството по гласањето денеска (Фото: Ѓ. Личовски)

    По обработени над 56,06% од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има водство од 13% пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на претседателските избори.

    Пендаровски има 236.396 (54,44%) гласови, додека Силјановска-Давкова има 182.722 (42,08%), според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Неважечки се 15.122 (3,48%) ливчиња.

    Вториот круг од претседателските избори е успешен, бидејќи излезноста е над 40%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира