Пензиите од наредната година ќе бидат зголемени за 700 денари. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за презентација на буџетот за 2020 година.
„Владата се одлучи за ваквото покачување на пензиите имајќи ги предвид економските параметри односно зголемувањето на просечната и минималната плата. Зголемувањето на пензиите ќе биде од 700 до 730 денари“, рече премиерот Заев и најави дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на посебна прес-конференција ќе ги каже деталите за покачувањето на пензиите.
Заев на прес конференцијата рече дека буџетот за 2020 година е ’скроен по мерка на граѓаните и е влог во луѓето во човечкиот капитал‘. Кажа дека со буџетот се обезбедени пари за зголемување на платите во здравството и образованието, 7,3 милијарди денари се одвоени за субвенции во земјоделството, а буџетот на министерството за одбрана во 2020 година ќе биде 10 милијарди денари.
А. АНТЕВСКА