ПИВАРА СКОПЈЕ ИНВЕСТИРАШЕ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВА ОПРЕМА ЗА ПОЛНЕЊЕ

    ПИВАРА СКОПЈЕ ИНВЕСТИРАШЕ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВА ОПРЕМА ЗА ПОЛНЕЊЕСо капацитет за полнење кој достигнува и до еден милион шишиња за еден ден, новата софистицирана опрема го зголеми за 30 отсто вкупниот капацитет на постојната линија за полнење на пиво во Пивара Скопје

    Пивара Скопје ја претстави новата опрема за полнење во чија набавка и инсталирање се вложени над 1,4 милиони евра, со што вкупните инвестиции на компанијата во производството на пиво и безалкохолни пијалоци во изминатата деценија надминаа 40 милиони евра.

    Со капацитет за полнење кој достигнува и до еден милион шишиња за еден ден, новата софистицирана опрема го зголеми за 30 отсто вкупниот капацитет на постојната линија за полнење на пиво во Пивара Скопје. Дополнително, поради својата флексибилност, новата опрема овозможува зголемување на можностите и иновациите во проширување на асортиманот на пакување на пивото во стаклена амбалажа со нови форми и димензии.

    „Сведоци сме на еден исклучително значаен момент за сите нас во Пивара Скопје, за нашите партнери, за потрошувачите и секако за целата домашна индустрија за производство на пијалаци. Оваа нова, технолошки напредна опрема за полнење е многу повеќе од обична машина. Тоа е инвестиција која отвора ново поглавје во развојот на Пивара Скопје, но и нов поттик за развојот на целокупната пивска индустрија“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ,

    Значајна карактеристика на новата опрема за полнење на пиво е нејзината висока ефикасност. Таа е целосно компатибилна со системите за заштеда на вода и енергија во Пивара Скопје, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба за заштита на животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира