ПО ХАН И НАТО И САД ОЧЕКУВА ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ПО ХАН И НАТО И САД ОЧЕКУВА ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА

    Амбасадата на САД во Скопје изјави дека партиите треба да ги почитуваат демократските процеси и институции.

    „Се согласуваме со ставовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, за формирањето влада. Сите партии треба да ги почитуваат демократските процеси и институции и да се фокусираат на нивната заедничка заложба – да се спроведат клучните реформи. Само на тој начин Македонија ќе напреднува во своите стратешки цели за членство во НАТО и во Европската Унија, нешто што САД одамна го поддржуваат. Тоа е во согласност со нашите претходни изјави и со изјавата на амбасадорот (Џес) Бејли дадена во интервјуто на ‘Сител’ на 18 февруари“, велат од Амбасадата на САД на прашање на агенцијата МЕТА, како ги коментираат изјавите на Столтенберг и на Хан.

    Столтенберг вчера изјави дека очекува да се додели мандатот за формирање влада и ги повика сите страни на воздржаност во изјавите и во дејствата и да донесуваат одлуки во корист на граѓаните.

    Со сличен став излезе и еврокомесарот Хан, кој рече дека очекува претседателот да го даде мандатот за формирање нова влада и додаде дека промените во демократските општества се природни и треба да бидат прифатени, кога се резултат на веродостојни избори.

     

    Сите партии треба да ги почитуваат демократските процеси и институции и да се фокусираат на нивната заедничка заложба – да се спроведат клучните реформи

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира