ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ПОЛИЦИЈАТА ДЕМОНСТРАНТИТЕ СЕ СМИРИЈА ПРЕД СОБРАНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ПОЛИЦИЈАТА ДЕМОНСТРАНТИТЕ СЕ СМИРИЈА ПРЕД СОБРАНИЕ

    Демонстрантите повторно се пред Собрание. Нема боење, мирно протестираат, а многумина почнаа и да си заминуваат.

    Спроти нив во паркот „Жена-борец“ полицијата со кордон го обезбедува споменикот на Прометеј. Овој споменик минатиот понеделник беше цел на активистите на Шарена револуција, се обидоа да го урнат, но полицијата ги сопре.

    Вечерва демонстрантите се судрија со полицијата на булеваеот Кочо Рацин, кога неколку полицајци ги легитимираа возачот и совозачот на комбето. Демонстрантите од пред Собрание со трчање тргнаа на булеварот Кочо Рацин, каде што беше сопрено комбето. За миг околу комбето се собраа стотици демонстранти, а полцијата отстапи.

    Качен на комбето со запалени факели во рацете, на демонстрантите им се обрати Замир Мехмети.

    „Ова е доказ дека Чавков не ни може ништо ако ние граѓаните сме сплотени. Да живее слободна, мултиетничка Македонија“, рече Мехмети.

    По неговиот говор, демонстрантите тргнаа кон станот на поранешниот премиер Никола Груевски на Бихаќска, но сопреа на семафорите. Дел од демонстрантите кои го обезбедуваат протестот застанаа на семафорите и не дозволија протсетот да се пресели пред зградата на Груевски.

    Претходно, на пат кон Собрание, активистите до два компресора ја шараа фасадата на Министерствот за правда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари