ПО КРИВИЧНИТЕ ЗА 33 ДЕМОНСТРАНТИ, ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЗА ДЕНЕС НАЈАВУВА НОВА СТРАТЕГИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:58:"Скопје,Битола(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО КРИВИЧНИТЕ ЗА 33 ДЕМОНСТРАНТИ, ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЗА ДЕНЕС НАЈАВУВА НОВА СТРАТЕГИЈА

    Движењето Шарена револуција најави дека од денеска ја менува стратегијата за отпор против власта. Неофицијално, вечерва на власта ќе и биде даден рок до кога ќе мора да биде целосно повлечена аболицијата, да се прочисти избирачкиот список и да се ослободат медиумите.
    Во меѓувреме расте револтот поради кривичните пријави што полицијата ги поднесе против 26 демонстранти од Битола и 7 демонстранти од Скопје. Обвинети се дека уништувале туѓи предмети, односно културно наследство затоа што фрлале со боја врз зградата на општина Битола, Порта Македонија и Министерството за култура во скопско Дебар Маало.
    По саботниот протест во Скопје на официјална страница на Шарената револуција на Фејсбук беше објавен проглас во кој се повикува на масовност на протестот закажан за вечерва во 18 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
    „Во понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања“, стои во прогласот на движењето.
    Тие велат дека го одбрале 6 јуни како датум со силно значење затоа што е ден кога се дозна за свирепоста, бруталноста и способноста на власта да го сокрие убиството на Мартин Нешковски. „Пет години подоцна, овој датум ќе добие уште поголемо значење“, пишува во прогласот објавен на Фејсбук.
    Со повикот „Повлекуваме црвена линија“ од Шарената револуција велат дека „нема повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца, храбро и истрајно се борат против овој режим“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира