ПОЧИНА 51-ГОДИШНА СКОПЈАНКА, УШТЕ 141 НОВОЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 ОД 1.885 ТЕСТОВИ

    ПОЧИНА 51-ГОДИШНА СКОПЈАНКА, УШТЕ 141 НОВОЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 ОД 1.885 ТЕСТОВИНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, а во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 12 нови.- Возило на Брза помош пред Инфективна. (Фото: К. Попов)

    Педесет и едногодишна скопјанка почина во болнички услови по компликации од ковид-19 во последните 24 часа, а од 1.885 тестирања, регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    „Починатата е пациентка на 51 години од Скопје, примена во ГОБ ‘8 Септември’ на 19 јули, суспектна на вирусот со мозочно крварење и висок притисок, потврдена позитивна на ковид-19, оперирана и хоспитализирана во болницата каде починала вчера“, ни рекоа од Министерството.

    Најмногу нови случаи има во Скопје и Штип по 39 и 23, па потоа Куманово-10, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, нема на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 1 пациент суспектен на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 86 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-15, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-7, Гостивар-35, Радовиш- 1, Крушево-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-5, Ресен-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 12.083, оздравеа 8.248, починаа 529, а активни се 3.306.

    Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5207, активни 1157
    • Куманово 1173, активни 266
    • Дебар 219, активни 128
    • Штип 988, активни 342
    • Прилеп 346, активни 38
    • Тетово 1099, активни 175
    • Струга 485, активни 151
    • Велес 238, активни 26
    • Битола 169, активни 76
    • Охрид 301, активни 75
    • Кавадарци 126, активни 97
    • Гостивар 585, активни 285
    • Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
    • Струмица 41, активни 25
    • Крива Паланка 29, активни 15
    • Радовиш 36, активни 11
    • Крушево 16, активни 3
    • Кочани 115, активни 26
    • Пробиштип 64, активни 18
    • Демир Хисар 47, активни 33
    • Македонски Брод 55, активни 42
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 9, активни 5
    • Валандово 7, активни 1
    • Виница 36, активни 32
    • Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 15, активни 3
    • Свети Николе 244, активни 103
    • Кичево 219, активни 133
    • Ресен 146, активни 11
    • Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.885 теста се преку: ИЈЗ-814, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-161, Биотек-202, МАНУ -128, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со ПЦР метода -255, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-24, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 117.475 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира