Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, која беше и поранешен заменик – претседател на Државната изборна комисија, во времето кога сега покојниот Борис Трајковски беше избран за претседател на Македонија, почина денес.
Дулиќ е родена на 18.04.1941 година во Кочани.
Погребот ќе се одржи утре, а блиските ќе може да се простат со Дулиќ со почеток од 12:30 часот во капелата на гробиштата во Бутел.