Љубисав Иванов-Ѕинго, поранешен пратеник, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и првиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) по осамостојувањето (1993-1999), почина на 84 години, соопшти ФФМ.
Иванов, бизнисмен и сопственик на рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ од Кратово и на истоимениот фудбалски клуб, беше пратеник во сите состави на Собранието од осамостојувањето.
Беше почесен петседател на ФФМ, а претседателот на фудбалската организација Муамед Сејдини соопштувајќи ја веста за неговат смрт кажа дека Иванов беше „еден од најдобрите и најважни фудбалски работници во историјата“.
На локалните избори во 2017, по цели 27 години заврши доминацијата на Љубисав Иванов-Ѕинго и неговата Социјалистичка партија на Македонија во Кратово, кога партискиот кандидат загуби во трката за градоначалник.