ПОЧИНА ШЕЕСЕТГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРЕТЕПАН ПРЕД 9 ДЕНА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

    ПОЧИНА ШЕЕСЕТГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРЕТЕПАН ПРЕД 9 ДЕНА НА КЕЈОТ НА ВАРДАРСкопјанецот С.М. почина вчера на Клиниката за неврохирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Тој бил физички нападнат на 3 август при што му биле нанесени телесни повреди (Фото: СДК.МК)

    Шеесет и шестгодишниот С.М. од Скопје, кој бил претепан на 3 август на улицата „Кеј „13 Ноември“ во Скопје почина вчера на Клиниката за неврохирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од МВР.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

    На 03 август во 3 часотпо полноќ  С.М. пријавил дека истиот ден околу 2 часот на кејот на Вардар физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди (модринка на левото око и расекотина на десниот образ).

    „По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира