ПОЧИНА ВОЈНИК НА АРМ НА ПОЛИГОНОТ КРИВОЛАК

    ПОЧИНА ВОЈНИК НА АРМ НА ПОЛИГОНОТ КРИВОЛАКАрхивска фотографија од полигонот Криволак (Фото: СДК.МК)

    Војник на АРМ починал на армискиот полигон Криволак вчера после завршување на воена вежба со боево гаѓање.

    Од генералштабот на АРМ го потврдија настанот. Станува збор за професионален војник со иницијали О.Х на 35 годишна возраст.

    Извори од АРМ за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека војникот починал по завршување на боевото гаѓање вчера дочнавечер, кога со група војници тргнале да ја гаснат  тревата која се запалила за време на гаѓањето. Кога ја изгаснале запалената трева, на еден од војниците му се слошило. Веднаш интервенирала медицинската екипа која секогаш е присутна кога вежба војската и војникот бил пренесен во најблиската болница во Неготино.

    Лекарите безуспешно се обиделе да го реанимираат војникот.

    Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека јавен обвинител бил на увид во Криволак, и телото на починатиот војник е дадено на судска медицина за обдукција.

    „Случајот и причините за овој несреќен случај во текот на вeчерните часови се испитуваа од страна на истражен судија кој извршил увид. По објавувањето на официјалниот извештај за обдукција од Институтот за судска медицина во Скопје, ќе се утврдат причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник“, соопшти утрово Генералштабот на АРМ.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира