Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно со смртни последици.
Како што соопшти Обвинителстоѕо, осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор „Идризово“ – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди тој починал на 22 јуни.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.