ПОЧИНАТАТА МАЈКА НА СОПРУГАТА НА ПЕНДАРОВСКИ НЕМАЛА СИМПТОМИ НА КОВИД-19, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ

    ПОЧИНАТАТА МАЈКА НА СОПРУГАТА НА ПЕНДАРОВСКИ НЕМАЛА СИМПТОМИ НА КОВИД-19, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТМајката на Георгиевска цела година имала влошена општа здравствена состојба, велат од кабинетот на Пендаровски. - Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета (архивска фотографија/Ѓ. Личовски)

    Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, почина денеска на Клиниката за пулмологија. Од кабинетот на шефот на државата велат дека 71-годишната мајка била хоспитализирана без симптоми на коронавирус, но откако починала, сепак ѝ е земен тест за проверка.

    „Мајката на сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска немала симптоми на коронавирус кога била примена на Клиниката за пулмологија, но веќе една година имала значително влошена општа здравствена состојба. Оној момент кога ќе се знаат резултатите од тестот, а тоа ќе биде најверојатно утре, Кабинетот ќе ја информира јавноста“, ни изјавија од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира