ПОЧНА НАПЛАТАТА НА НОВАТА ПАТАРИНА ОД 100 ДЕНАРИ НА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА-СМОКВИЦА

    ПОЧНА НАПЛАТАТА НА НОВАТА ПАТАРИНА ОД 100 ДЕНАРИ НА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА-СМОКВИЦААвтопатот Демир Капија-Смоквица беше пуштен во употреба на 23 април лани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од утрово почна да се наплатува на новата патарина на автопатот Демир Капија-Смоквица, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија. Цената е 100 денари за возила, со што оваа патарина е најскапа во земјава.

    На патарината кај Смоквица има 10 наплатни рампи, односно пет кон Гевгелија и Грција и исто толку кон Скопје. На патарината е инсталирана опрема за наплата со картички.

    Патарината кај Смоквица почнува со работа откако Јавното претпријатие за државни патишта го пушти во употреба споредниот пат до Гевгелија за жителите на околните села.

    Автопатот Демир Капија-Смоквица беше пуштен во употреба на 23 април лани. Оваа делница од автопатот е долга 28,2 километри, а изградбата чинеше 218 милиони евра, и плус 10 милиони евра за надзор.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари