ПОЧНА ТЕРЕНСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА, ИМА 1.080 БОЛНИ ОД МАЛИ СИПАНИЦИ

    ПОЧНА ТЕРЕНСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА, ИМА 1.080 БОЛНИ ОД МАЛИ СИПАНИЦИКампањата за вакцинирање денеска почна во Зоолошката градина во Скопје, со што се одбележува Европската недела на имунизацијата (Фото: СДК.МК)

    Теренската вакцинација на децата со вакцината за морбили, рубеола, паротит (МРП) во Скопје почнува од понеделник, додека во другите региони каде што здравствените домови се подготвени почнува од денеска, откако неделава беше прогласена епидемија на мали сипаници во целата земја. Министерот за здравство Венко Филипче реќе дека забраната за прием на невакцинирани деца во градинките и училиптата ќе биде стриктна, бидејќи само така ќе се стави крај на епидемијата и може да е зголеми колективниот имунитет. Тој кажа дека е о координација со министерот за образование Арбер Адеми и дека само вака може да има ефект да се запре епидемијата.

    „Секако дека може да бидат присутни родителите, тоа е со цел да се зачува здравјето на тие деца. Потенцирам сите што не се вакцинирани се во исклучително висок ризик да заболат. Починаа три деца кои не беа вакцинирани. За жал, едното од нив кое не можеше да биде вакцинирано, поради тоа што имаше друга болест. Нема што повеќе да се случи за да укажеме дека ова е повеќе од потребно. За да се подигне колективниот имунитет потребно е над 97 отсто да бидат да се вакцинирани за да не ни се случуваат вакви работи. За жал, процентотот на вакцинирани за морбили беше сериозно опаднат“, рече Филипче, на одбележувањето на Европската недела за имунизација од 24 до 30 април.

    Проф. Александра Грозаданова, претседател на Комитетот за имунизација, кажа дека годинава до Агенцијата за лекови и медицински помагала стигнале само две пријави за несакани ефекти од вакцината со МРП, а лани три пријави, и тоа покачена температура и мали болки.

    „Станува збор за исклучително безбедна вакцина, која не прави никаков проблем кај децата. Тоа треба да го знаат родителите и да бидат сигурни и во квалитетот и во безбедноста на вакцината“, рече Грозданова.

    Во моментов од мали сипаници има 1.080 заболени, а од почетокот на епидемијата во Скопје, која беше прогласен на почетокот на годината досега се вакцинирани 73 отсто од невакцинираните деца. Процентот на вакцинирани деца од вкупниот број на невакцинирани надвор од Скопје е 23 отсто.

    Новиот календар за имунизација, со кој се воведуваат две нови вакцини, односно против рота вирусот и пневмококна вакцина, ќе почне да важи од први јуни.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира