ЈА ПОДДРЖУВАМ ОПЕРАЦИЈАТА ЗА ПРОМЕНИ ВО ВЛАСТА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

    ЈА ПОДДРЖУВАМ ОПЕРАЦИЈАТА ЗА ПРОМЕНИ ВО ВЛАСТА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со заменик-министерот Агим Нухиу и градоначалничката Наташа Петровска при денешната посета на СВР Битола. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Битола, запрашан како гледа на најавената акција „метла“, рече дека ја поддржува операцијата за промена во структурите на власта, но тоа е сепак е надлежност на премиерот Зоран Заев.

    „Јас ја поддржувам операцијата за промени во структурата на Владата и на фондовите, јавните претпријатија и во локалните самоуправи, секаде каде има оценка дека тие функционери не ги исполнуваат на најдобар можен начин работите. Но, тоа е оценка која треба да се направи од премиерот и тоа е негова надлежност“, рече Спасовски при денешната посета на Битола.

    За МВР рече дека постојано прават промени на позициите таму каде оценуваат дека некои кадри не ги одработуваат работите на соодветен начин или пак не го оправдуваат интересот на граѓаните. Тоа ќе продолжи и понатаму, најави Спасовски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари