ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ПРИФАТИМЕ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

    ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ПРИФАТИМЕ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВВо преговарачкиот процес со Грција за спорот со името Владата пристапува со доза на внимателност . Евроамбасадорот во Македонија на премиерот Зоран Заев му ја предаде  Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан. (Фото: М.Златевска)

    Подготвени сме да прифатиме географска одредница за името, рече премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар.

    „Сакам да успее преговарачкиот процес, ние сме подготвени за географска одредница, и тука ќе застанам затоа што знам дека ова е чувствително прашање. Да дадеме шанса да успее преговарачкиот процес. Нашите ставови се јавни и се надевам на решение“, изјави Заев.

    Тој рече дека во преговарачкиот процес со Грција за спорот со името се пристапува со доза на внимателност и затоа не сака да дава повеќе детали.

    „Многу изгледа тешко, но не очекувавме да биде лесно, посветени сме на процесот, може да се најде решени и за овој тежок проблем“, рече Заев.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира