ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДЕСЕТ ЛИЦА ЗА УБИСТВО ВО ОБИД НА ЗИЈАДИН СЕЛА

    ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДЕСЕТ ЛИЦА ЗА УБИСТВО ВО ОБИД НА ЗИЈАДИН СЕЛАЛидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села (лево од телевизорот) непосредно пред да биде нападнат на 27 април во Собранието. (Фото: Г. Трпеноски)

    Основното јавно обвинителство денеска до Основниот суд Скопје 1 достави обвинителен акт против десет лица за кривичното дело убиство во обид по завршување на сеопфатна истражна постапка и прибирање на сите докази во предметот за 27 април, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

    „Обвинетите сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот , се обиделе да го лишат од живот оштетениот Зијадин Села. Дел од обвинетите користеле тврди предмети кои ги фрлале кон оштетениот и притоа му нанеле животно загрозувачки повреди. Останатите пак, со употреба на удари, клоци и тупаници го извршиле кривичното дело за кое се товарат“, се вели во соопштението на ЈОРМ.

    За деветмина од обвинетите, надлежниот обвинител предложил и продолжување на мерката притвор, а за еден од нив да биде продолжена мерката куќен притвор.

    „Обвинителството цени дека постојат законските основи за продолжување на побараната мерка за обезбедување бидејќи постојат основи за можно бегство на обвинетите, за влијание врз сведоци , како и за довршување на кривичното дело за кое се обвинети“, додаваат од ЈОРМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира