ПОЛИЦАЈЦИ И ВОЈНИЦИ БИЛЕ ГЛАВНИ ВО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО, ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИМ ПОМАГАЛЕ, А ЗВРЛЕВСКИ СЕ ПРАВИ СЛЕП

    ПОЛИЦАЈЦИ И ВОЈНИЦИ БИЛЕ ГЛАВНИ ВО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО, ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИМ ПОМАГАЛЕ, А ЗВРЛЕВСКИ СЕ ПРАВИ СЛЕППратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Мукоски во пленарната сала откако беше снимен на безбедносните камери како ја отвора вратата од Собранието за да ја пушти внатре толпата на 27 април. (Фото: СДК.МК)

    Седуммина пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување ја координиралеа акцијата за отворање на вратите од Собранието и пуштање на толпата внатре да го нападне пратениците од мнозинството, покажаа снимките од собраниските безбедносни камери коишто вчера ги објавија телевизиите „Телма“ и „АлсатМ“. Ниту еден од нив не е под истрага на Јавното обвинителство на Марко Зврлевски, иако и тие ги имаат истите снимки.

    Седумтемина пратеници кои се гледаат на снимките се Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија. На снимките беа идентификувани и припадници на УБК, ЕБР, Петтата и Шестата управа и Алфите од МВР, како и од специјалните единици на АРМ и Агенцијата за разузнавање како влегуваат во Собранието со толпата.

    Вчера, Обвинителството на Зврлевски ослободи припадник на МВР кој сакал да му го одземе пиштолот на колегата што бил обезбедување на еден од пратениците на мнозинството, иако за него МВР обезбедило видео снимки и направен е фото албум.

    Денеска во Основниот суд ќе има втор обид за судење на деветтемина обвинети за учество во нападот на пратеници во Собранието, откако на првото рочиште на 18 мај не дојде првообвинетиот Ангел Зафировски, кој е во куќен притвор. Деветтемина се обвинети за учество во толпа.

    Последното соопштение на Основното јавно обвинителство е од 10 мај, кога беше отворена истрага за убиство во обид за двајца од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села. Дотогаш, ОЈО речиси секојдневно објавуваше соопштенија за активностите во насока на расчистување на организираниот напад во Собранието од 27 април. Под истрага на ОЈО се двајцата припадници на УБК, кои се обиделе да ги избришат снимките од нападот во Собранието, еден припадник на Петтата управа и еден припадник на Алфите.

    На снимките од безбедносната камера се гледаат пратеникот Крсто Мукоски по отварањето на вратата и Јохан Тарчуловски кој ги насочува демонстрантите во кој правец да се движат при нападот на Собранието на 27 април (Фото: Скриншот од АлсатМ)

    Истрага води и експертска комисија на МВР, која досега ги има сослушано сите членови на оперативниот штаб, освен директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој замина на одмор. Според она што било досега собрано како материјал од изјавите на раководството на Централните полициски сили, кои се по хиерархија директно под Чавков, а и на Единицата за брзо распоредување, недејствувањето на полициските сили додека дивјаците им ги кршеа главите на пратениците кои не се од ВМРО-ДПМНЕ, било затоа што директорот и шеф на оперативниот штаб дал наредба три часа да не се дејствува во Собранието, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР запознати со текот на внатрешната истрага.

    Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија подготви посебен извештај за организираниот напад и дивеењето и бруталното насилство во Собранието на Република Македонија на 27 април, со кој сака прецизно да ја информира јавноста за сите сторени кривични дела, меѓу кои и обиди за убиство. Извештајот се осврнува и на повредите на права и слободи гарантирани со Уставот и санкционирани со Кривичниот законик. Содржи вкупно 28 кривични дела, од кои за 18 веќе постојат значителен број на докази и 10 кривични дела за кои постои сомневање дека се извршени. Можните сторители се поделени во четири групи: организатори, извршители, полициски службеници, нивни претпоставени.

    Кривичните дела произлегуваат од 8 поглавја од Кривичниот законик, а беа насочени против животот и телото, слободите и правата на граѓаните, имотот, сигурноста, државата, службената должност, правосудството и  јавниот ред, вели извештајот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира