ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА ГРУЕВСКИ ВО ВОЗИЛАТА ШТО ИЗЛЕГУВААТ ОД КАТНАТА ГАРАЖА КАЈ СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

    ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА ГРУЕВСКИ ВО ВОЗИЛАТА ШТО ИЗЛЕГУВААТ ОД КАТНАТА ГАРАЖА КАЈ СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕПолицајци запираат автомобил пред катната гаража „Тодор Александров". (Фото: СДК.МК)

    Полицијата ги проверува возилата што излегуваат од катната гаража „Тодор Александров”, веднаш до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во потрага по осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски.

    Полицијата вечерва го бара Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор.

    Полицајци, а со нив и новинарски екипи, првин го побараа на адресата од лична карта, но таму немаше никој.

    Оној момент кога ќе го најде, МВР присилно ќе го спроведе во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

    На сајтот на МВР е објавена национална потерница по Груевски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира