ПОЛИЦИЈАТА ГО БЛОКИРАШЕ ПРИСТАПОТ ДО УСТАВНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ГО БЛОКИРАШЕ ПРИСТАПОТ ДО УСТАВНИОТ СУД

    Блокиран е мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Полицијата не им дозволува на демонстрантите од антивладиниот протест да се движат кон Уставниот суд како што планираа, јавуваат репортерите на СДК.МК. Тие скандираат „Пуштете го народот!“

    Демонстрантите што ги организира граѓанската иницијатива Протестирам од пред зградата на Специјалното обвинитeлство (СЈО) сакаа преку мостот Гоце Делчев да стигнат до Уставниот суд, како „еден од симболите на неправда и корумпираност“,

    Веќе дванаесетти ден демонстрантите бараат повлекување на одлуката за аболиција на политичарите против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Уставниот суд на 16 март повторно му ја врати можноста на претседателот да помилува осуденици за изборни нерегуларности, педофили, наркодилери, како и лица осудени за дела против човечноста.

    Претседателот Ѓорге Иванов ја искористи одлуката на Уставниот суд. На 12 април донесе одлука да помилува 56 политичари и нивни соработници против кои се води истрага, или се под сомневање дека сториле криминал кој произлегува од содржината на прислушуваните разговори.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари