ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ДВАЈЦА ОД ГРУПАТА „ЈАВНА СОБА“ КОЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА ФОТОГРАФИИ НА ЖЕНИ, ЌЕ СЕ АПСАТ УШТЕ ЧЛЕНОВИ

    ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ДВАЈЦА ОД ГРУПАТА „ЈАВНА СОБА“ КОЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА ФОТОГРАФИИ НА ЖЕНИ, ЌЕ СЕ АПСАТ УШТЕ ЧЛЕНОВИЕдниот од уапсените е од Битола, другиот од Велес. (Фото: МВР)

    Полицијата, која подолго време била во групата Јавна соба на апликацијата Телеграм, чии членови крадат и злоупотребуваат фотографии од приватни фејсбук и инстаграм профили, утринава уапсила две такви лица од групата.

    Информацијата за апсењето ја постираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук. Се бараат и други лица кои ги лоцирал секторот за компјутерски криминал во МВР.

    „Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со Јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите“, напиша Спасовски.

    Овие злоупотреби и малтретирање на девојки од страна на членови на групата Јавна соба траат подолго време, но вчера 28-годишната Ана, жртва на групата, по чија украдена фотографија беше напишан нејзиниот телефонски број и сексистички навреди, ја алармираше јавноста повикувајќи ги органите на прогонот да ги откријат сторителите и да ја растурат оваа воајерска група од дури 5.000 членови.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира