Министерството за внатрешни работи најави засилени контроли и казни за непрописно паркирани возила.
Денеска на прес-конференција, портпаролот на МВР Тони Ангеловски рече дека во Скопје, но и другите градови низ земјава била констатирана е недисциплина и непочитување на сообраќајни правила и прописи и затоа во наредниот период ќе се преземат мерки за санкционирање.
„Ги информираме граѓаните дека во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани особено сообраќајни прекршоци кои се причина за сообраќајни несреќи со тешки последеници, возење под дејство на алкохол или со голема брзина. Ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција и возилото пајак низ улиците со цел овозможување проточност на сообраќај и ќе бидат санкционирани неправилно паркирани возила“, рече Ангеловски.
Тој најави дека покрај за брзо возење и неправилно паркирање ќе казнуваат и за употреба т.н. флешери чија употреба е незаконска, а како што рече Ангеловски се почесто се поставуваат на возилата.
Низ Скопје секој паркира кај ќе стигне. Улиците, тротоарите, парковите и третата лента на булеварите постојано се окупирани со возила.
А. АНТЕВСКА