ПОЛОВИНА ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ УПРАВНИ ОДБОРИ СЕ ПОЧЕТНИЦИ

    ПОЛОВИНА ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ УПРАВНИ ОДБОРИ СЕ ПОЧЕТНИЦИИстражувањето „Кој тоа таму управува“, покажало и дека 81 отсто од граѓаните сметаат оти членувањето во управните и надзорните одбори во државните и јавните претпријатија е по партиска линија. Истражувањето е направено од Институтот за демократија „Социетас цивилис“, поддржано од британската амбасада. (Фото: СДК.МК)

    Половина од членовите на управните и надзорните одбори во државните и јавните претпријатија се со работно искуство помало од 5 години, покажува истражувањето „Кој тоа таму управува“, направено од Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Во истражувањето се разгледани биографиите на членовите во 173 државни и јавни институции и независни регулаторни тела.

    Податоците покажеле дека голем е процентот на членови кои немаат доволно работно искуство, а има и случаи кога не само членови туку и директори се поставени на функции со средно образование. Истражувањето на јавното мислење покажало дека 81 отсто од граѓаните сметаат оти членувањето во овие одбори е по партиска линија.

    „Постои сериозен недостаток на искуство кај оние кои управуваат со овие државни тела, особено кај членовите на управните и надзорните одбори. 51 отсто имаат работно искуство помало од 5 години во иституцијата каде се назначени. Затоа, предлагаме јавност при извор и зајакнување на критериумите во законите, со што ќе овозможи да се изберат најдобрите луѓе за да управуваат со овие институции. Јавноста е потребна за да се врати довербата во институциите. Голем број од граѓаните, 81 отсто, сметаат дека партиската припадноста е пресудна за членување во овие одбори“, рече Миша Поповиќ при презентирање на резултатите од истражувањето.

    На денешната презентација на извештајот беше и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој рече дека забелешките ќе бидат искористени во новиот Закон за висока раководна служба.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира