Полски навивачи кои се дојдени во Скопје за утрешниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Полска, се степаа меѓусебе. Попладнево поголема група навивачи биле во кафуле на Плоштад Македонија. Во еден момент почнала расправија и тепачка меѓу навивачите.
„Станува збор за меѓусебна тепачка на навивачи на Полска. Многу брзо интервенираа полициски службеници и сега засега се приведени 4 лица“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Како што раскажуваат очевидци, неколку навивачи биле приведени веднаш во кафулето, а дел полицајците ги бркале низ Плоштад и успеале да ги фатат и приведат.
Репрезентациите на Македонија и Полска утре во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ го играат првиот меѓусебен натпревар во квалификациите за Европското првенство во 2020.
А. АНТЕВСКА