ПОЛСКИТЕ НАВИВАЧИ КАЗНЕТИ СО ПО 150 ЕВРА, НЕ ДОБИЈА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА

    ПОЛСКИТЕ НАВИВАЧИ КАЗНЕТИ СО ПО 150 ЕВРА, НЕ ДОБИЈА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВАПасошите на навивачите им биле одземени додека не ја платат казната; - Полски навивачи на натпреварот Македонија - Полска. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Полските навивачи кои во петокот се степаа  меѓу себе во Градскиот парк во Скопје се казнети со по 150 евра од судија за прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, изјавија од Основниот суд Скопје 1. Беа приведени 223 навивачи и тие еден по еден вчера беа изнесени пред  судија за прекршоци.

    „Повеќе навивачи се казнети со по 150 евра. Пасошите им беа одземени додека не ја платат казната, а потоа им беа вратени. Станува збор за странски државјани неосудувани во земјава и тоа беше земено како олеснителна околност. За вакво дело не се добива забрана за влез во земјава“, велат од Основниот суд Скопје 1.

    Полските навивачи во Скопје, според информации од Скопскиот аеродром, се дојдени со редовни линии и повеќето од нив си заминале уште вчера.

    Во петокот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Полска, поголема група полски навивачи се степаа, по што беа приведени 223 лица и со автобуси однесени во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира