ПОПИСОТ ОД АПРИЛ СЕ ОДЛАГА ЗА СЕПТЕМВРИ, ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОД ПРВА, ВО ВТОРА ПОЛОВИНА НА ОКТОМВРИ

    ПОПИСОТ ОД АПРИЛ СЕ ОДЛАГА ЗА СЕПТЕМВРИ, ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОД ПРВА, ВО ВТОРА ПОЛОВИНА НА ОКТОМВРИОдлагањето на Пописот е компромис за деблокадата на Собранието, рече Заев по средбата со Мицкоски. (Фото: К. Попов)

    Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по хармоничната средба денеска во Клубот на пратеници, се договориле пописот на населението и домаќинствата поради екот на пандемијата, од април да се одложи за септември. Дотогаш ќе си тече евидентирањето на нашите иселеници низ светот.

    Како што изјави по средбата Мицкоски, се одлага и терминот за локални избори, па од првата, се преместува за втората половина на октомври годинава.

    Заев прецизираше дека пописот ќе се одржи во периодот од петти до 30 септември, датумот допрва ќе се утврдува. Кажа дека со Мицкоски се договориле секој од нив да ги повика граѓаните да се попишуваат, да ја извршат таа своја должност.

    Ќе се одделат кампањите за попис и за локални избори. Изборната кампања ќе почне од 30 септември натаму.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира