ПОПЛАВИ ВО ОХРИД И СТРУГА, СИЛЕН ВЕТЕР И ИЗЛЕВАЊЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    ПОПЛАВИ ВО ОХРИД И СТРУГА, СИЛЕН ВЕТЕР И ИЗЛЕВАЊЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРООхридското Езеро по втор пат за нецел месец се излева на крајбрежјето (Фото: СДК.МК)

    Невреме со силен ветер беснее во подрачјето на Охридското езеро вечерва и крајбрежјето на Охрид и Струга се поплавени.

    Поплавени се и летните тераси на кафеаните на плажите во Струга (Фото: Г. Трпеноски)

    Центарот за управување со кризи предупреди дека се очекуваат и врнежи од дожд од 20 литри на квадратен метар и силен јужен ветер со брзина од 80 километри на час.

    Се врши максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон Црн Дрим.

    Стабилизирање на времето се очекува дури утре попладне.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира