Блаже Петровски , вработен во Шеста управа во Министерството за внатрешни работи кој беше суспендиран за нападот на Собранието на 27 април, и Александар Василевски-Нинџа денес попладне се приведени од полицијата.
Неофицијални извори од полицијата за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека полициска патрола запрела возило, во кое биле Петровски и Нинџа. Полицајците приметиле дека Петровски носел револвер, за кој утврдиле дека не бил службен и бил наполнат со муниција, што е спротивно на законските прописи за носење и поседување оружје.
Двајцата биле однесени во полициската станица во скопската општина Гази Баба, на понатамошно испитување.
Од МВР не беа достапни за повеќе детали за приведувањето на Петровски и Нинџа.