Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на утрешните пратенички прашања во Собранието поради продолжување на притворот за уште триесет дена на осомничените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.
„Подадовме рака за соработка. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со премиерот Зоран Заев. По денешната одлука за продолжување на притворот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на утрешните пратенички прашања во Собранието. За понатамошнo наше учество во Собранието, партиските тела дополнително ќе одлучат за нашите понатамошни чекори“, изјави привремениот координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
Премиерот Зоран Заев денес изјави дека пратеничките прашања утре во Собранието се за пратениците на опозицијата.
„Пратеничките прашања утре во Собранието се за пратениците од опозицијата. Ако не дојдат, седницата ќе трае кратко. Немам намера долго да одговарам на прашањата на пратениците од власта, иако, и тие имаат можност да постават прашања. Ако пратениците на опозицијата не дојдат утре, се надевам дека ќе се појават на седницата по Нова година, закажана на 9 јануари“, рече Заев