ПОСАКУВАМ ВЕЧЕРВА СИТЕ ГРАЃАНИ ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОБЕДНИЦИ, КАЖА ЗАЕВ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО

    ПОСАКУВАМ ВЕЧЕРВА СИТЕ ГРАЃАНИ ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОБЕДНИЦИ, КАЖА ЗАЕВ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТОПремиерот Зоран заев со сопругата Зорица гласаа во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Премиерот и лидер на владеачката СДСМ Зоран Заев заедно со сопругата Зорица гласаше на избирачкото место 1730 во училиштето „Никола Вапцаров“ во Струмица, каде и како градоначалник го користеше своето уставно право. Тој по гласањето кажа дека овие избори се важни за раст и развој на општините во земјава, а посака граѓаните на Македонија вечерва сите да се чувствуват победници.

    „Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија. Ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја. Денеска по пат на фер демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат евроатлантска интеграција на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини, развиена економска држава. Се надевам на фер и демократски избори. Само така сите победуваме во Македонија. А на крајот, преку нашиот глас и преку процентот на излезеност навистина даваме поддршка за иден раст и развој на сите наши општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните вечрва сите да се чуствуваат победници“, рече Заев по гласањето во Струмица

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира