ПОСТАВЕНА ТАБЛА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН СО ГРЦИЈА

    ПОСТАВЕНА ТАБЛА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН СО ГРЦИЈАТаблата со „Република Северна Македонија“ е поставена на граничниот премин „Богородица“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На преминот „Богородица“ на грчко-македонската граница веќе стои табла со натписот „Република Северна Македонија“ на македонски и англиски јазик. Не станува збор за нова табла, туку промената е направена со налепница врз стариот натпис.

    Тоа е во согласност со вчерашната одлука на Меѓуресорската владина група за спроведување на Договорот од Преспа и уставните измени, која предвидува Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена.

    Царинската управа има рок од три дена да ги замени таблите на граничните премини. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Спроведувањето на Договорот од Преспа се случува откако вчера беше доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ОН, со кое се информира Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу Македонија и Грција.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари