ПОСТАВЕНИ ПОВЕЌЕ РЕФЛЕКТОРИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА ПО ИНЦИДЕНТОТ СО МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И СПИРЕ РИСТОВСКИ

    ПОСТАВЕНИ ПОВЕЌЕ РЕФЛЕКТОРИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА ПО ИНЦИДЕНТОТ СО МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И СПИРЕ РИСТОВСКИНа шеталиштето е продолжен периодот за прошетка на свеж воздух на притворените лица. - Затворот во Шутка (Фото: Ѓ. Личовски)

    По инцидентот во затворот во Шутка на 21 февруари 2019 година, кога обвинети лица од „Диво насеље“ физички и вербално ги нападнаа тогаш тазе притворените Миле Јанакиески и Спире Ристовски, осомничени за нарачка и организација на нападот на Собранието, затворот повеќе ќе свети.

    По наредба на директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ, на сите шеталишта е поставено дополнително рефлекторско осветлување, а поставена е и нова заштитна мрежа на рефлeкторите.

    Истовремено, на шеталиштето е продолжен периодот за прошетка на свеж воздух на притворените лица. Но, ќе се шетаат ќелија по ќелија посебно, за да нема во иднина инциденти. Лица од една просторија, нема да се мешаат со притворени лица од други простории, стои во соопштението од Управата за извршување санкции.

    „Со оглед на фактот дека за реализација на наредбата за зголемено присуство на службените лица во време додека притворените лица се наоѓаат во шеталиште, е потребен дополнителен број на припадници на затворската полиција, директорот на КПУ Затвор Скопје со Наредба ги има задолжено оние припадници на затворската полиција кои имаат задача да го извршуваат спроводот на притворените и осудените лица, откако ќе ги завршат овие работни задачи, задолжително да се ангажираат од страна на дежурниот командир на смена на работи и работни задачи во притворското и затвореното одделение на установата“, се наведува во соопштението.

    Со Наредба од директорот на КПУ Затвор Скопје Ѓоко Котевски, доделени им се дополнителни задолженија на командирите на смена и нивните заменици во затворската полиција по кои треба да постапуваат при приемот на новодојдени осудени и притворени лица, кои според нивна проценка, претставуваат ризик по безбедноста на КПУ Затвор Скопје.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари