ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР СО БЕСА, ИМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ПОТВРДИ ВЛАДАТА

    ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР СО БЕСА, ИМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ПОТВРДИ ВЛАДАТАБез двајцата пратеници на тетовското крило на Беса, предводено од Билал Касами, власта ја немаше потребната бројка од 80 пратеници за усвојување на уставните измени. - Од седница на Влада (Фото: Влада)

    Владата соопшти дека е постигнат договор со Беса за уставните измени предвидени со Договорот од Преспа што значи дека е обезбедено двотретинско мнозинство за нивно усвојување во Собранието.

    Од Владата велат дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, при тоа прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.

    Истовремено, велат од Владата, се прифати амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани, а дополнително во Законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните.

    „За сите други работи кои беа предложени како амандмани ќе бидат повлечени затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а остануваме посветени во идно време да работиме на нивно решавање со цел да ги отстраниме и таквиот вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности“, се вели во соопштението.

    Без двајцата пратеници на тетовското крило на Беса, предводено од Билал Касами, власта ја немаше потребната бројка од 80 пратеници за усвојување на уставните измени.

    Од Владата стигна и заедничко соопштение со новата пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата:

    „Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот. Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани“.

    Во тек е координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери и се очекува наскоро и да почне седницата за гласање на уставните измени

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира