ПОЖАРОТ ВО БЕРОВСКО СЀ УШТЕ Е АКТИВЕН, НО Е ПОД КОНТРОЛА, ВЕЛАТ ОД ЦУК

    ПОЖАРОТ ВО БЕРОВСКО СЀ УШТЕ Е АКТИВЕН, НО Е ПОД КОНТРОЛА, ВЕЛАТ ОД ЦУКСе дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. (Фото: ЦУК)

    Пожарот во Берово на просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци е сè уште активен. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, тој е под контрола и сè уште се дејствува во обиколен простор каде што  тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар.

    „Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро“, велат од ЦУК.

    Во другите делови од земјава нема поголеми пожари. Во последниве 24 часа во Скопје е интервенирано на две локации од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 метри квадратни.

    Во Битола и Прилеп во текот на денот имале по една интервенција. Поради запалени стрништа и ниска вегетација интервенции имало и на пожарникарите од Струмица, Валандово, Охрид, Велес и Кавадарци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира