ПРАКСАТА ПОКАЖА ДЕКА СО 62 ПРАТЕНИКА МОЖЕ ДА СЕ ФОРМИРА СТАБИЛНА ВЛАДА, КАЖА МАНДАТАРОТ ЗАЕВ

    ПРАКСАТА ПОКАЖА ДЕКА СО 62 ПРАТЕНИКА МОЖЕ ДА СЕ ФОРМИРА СТАБИЛНА ВЛАДА, КАЖА МАНДАТАРОТ ЗАЕВМандатарот Зоран Заев со предложените кандидати за министерки и министри во Владата пред зградата на Собранието (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев, придружуван од 19-мината кандидати за министри, денеска го достави во Собранието предлогот за состав и програма на новата влада. Зборувајчи пред парламентот, Заев кажа дека не е никаков проблем тоа што парламентарното мнозинство е сочинето од 62 пратеника.

    „Меѓународната пракса, а богами и домашната пракса од 2017 година покажа дека со 62 пратеника се формира стабилна влада и не само стабилна, туку и подготвена за сериозни и храбри одлуки од интерес на граѓаните. И во многу други земји парламентарното мнозинство не е огромно“, рече Заев.

    Во 2017 година, владата предводена од Заев беше избрана со 61 пратеник.

    Мандатарот очекува претседателот на Собранието Талат Џафери да им даде доволно време на пратениците да се запознаат со програмата на новата влада, како и со биографиите на предложените министри.

    Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека кандидатите за заменици министри се договорени 90 отсто и додаде дека веднаш откако ќе биде избрана новата влада ќе ја подготви листата на заменици и ќе ја достави до парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира