ПРАТЕНИЧКАТА ДАУТИ НЕ САКАШЕ ДА СЕ ТРГНЕ ОД СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА ЗАШТО ПРЕМИЕРОТ НЕ Ѝ ОДГОВАРА НА ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ, ГАШИ ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА, НА МИНИСТРИТЕ ИМ БЕШЕ СМЕШНО

    ПРАТЕНИЧКАТА ДАУТИ НЕ САКАШЕ ДА СЕ ТРГНЕ ОД СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА ЗАШТО ПРЕМИЕРОТ НЕ Ѝ ОДГОВАРА НА ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ, ГАШИ ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА, НА МИНИСТРИТЕ ИМ БЕШЕ СМЕШНОБлагодарам Африм Гаши, се надевам дека нема да продолжите да читате на арапски јазик и понатаму, рече пратеничката Даути навредена штоо и во живо премиерот Мицкоски ја игнорира, а спикерот молчи. (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците (АА) принципиелно на почетокот на денешната седница за пратенички прашања реагираше неколку пати во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и на целата Влада, дека тој повеќе недели не ѝ одговара на поставено пратеничко прашање. Таа предупреди на опасно поигрување на Мицкоски и на Владата не само со инструментот пратенички прашања и отчет пред граѓаните, туку и со демократијата во Македонија.

    Откако Даути повеќепати процедурално, гледајќи го во очи премиерот, бараше барем денеска да излезе и да ѝ одговори на одамна поставеното пратеничко прашање, тој само немо ја гледаше. Во еден наврат Гаши кажа дека таа е сосема во право, но дека верува оди технички проблем е во прашање, а од премиерот и понатаму немаше реакција.

    Откако пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче постави прашања до Мицкоски, Мицкоски му одговараше на него и пак ја игнорираше Даути. Пред Гаши да му даде збор на Филипче дали е задоволен со одговорот на прашањата, Илире Даути пак излезе на говорница, а службите не ѝ го вклучија тонот.

    „Ако процедуралнава реакција ви е пак за истото, ќе ви биде последна денеска“, рече нервозно Гаши.

    „Благодарам Африм Гаши, се надевам дека нема да продолжите да читате на арапски јазик и понатаму. Барам премиерот да даде устен одговор. Тој го игнорира прашањето, граѓаните не избрале тука да бидеме со интегритет, а не слуги. Јас нема да мрднам овде денеска од оваа говорница додека не добијам одговор на прашањето што го поставив претходниот пат. Или ќе излезете овде да дадете одговор, или оваа седница денеска нема да продолжи понатаму“, рече Даути и не се мрдна од говорницата.

    Процедурално побара збор пратеникот Ријад Шаќири од Алијанса за Албанците.

    Гаши немаше што да прави, Даути не се помрднуваше од говорницата. Ѝ дојде напомош лидерот Зијадин Села, кој застана до неа да ја штити. Села ја чуваше Даути, Шаќири одби да збори од место, стоеше и тој до собраниската говорница.

    Пратениците во пленарната сала набљудуваа загрижено. За тоа време, министерот за култура Седат Сулејмани, министерката за финансии Гордана Димитриоска-Кочоска и други членови на Владата дојдени на денешната седница за пратенички прашања, почнаа да се смеат.

    Нервозен, Гаши даде половина час пауза, за како што рече, „да се смири пратеничката“.

    По паузата се редеа процедурални пријавувања. Фатмир Битиќи од СДСМ обвини дека премиерот намерно не одговара на пратенички прашања, за да направи проблем и оваа седница која се одржува секој последен четврток во месецот, да се блокира.

    „Најдете три минути, одговорете ѝ на пратеничката Даути. Ако во Деловникот пишува ако не може усно, може премиер или министер да одговори на писмено но во рок од 20 дена од поставеното прашање, значи не може да бидат 30, 40 дена. Деловникот вели 20 дена!Но, јас тука препознавам намерна стратегија на власта за бегство од поставување на пратенички прашања“.

    По него пак Даути побара збор за процедурална реакција и пак за истото, Гаши по вторпат ја прекина седницата, овојпат до 14 часот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира