ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ МУХАМЕД ЗЕКИРИ, СОПРУГАТА И ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ СЕ ВО БОЛНИЦА, ИМААТ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ МУХАМЕД ЗЕКИРИ, СОПРУГАТА И ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ СЕ ВО БОЛНИЦА, ИМААТ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРАСе тестираат не само јавните личности, сопартијци, новинари и функционери со кои се среќавал Зекири, туку сите што биле во контакт со него. (Фото:СДК.МК)

    Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќеркичката Далија се во болница со висока температура, но во добра и стабилна состојба сите тројца. Ова на прес-конференцијата го кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    Се тестираат не само јавните личности, сопартијци, новинари и функционери со кои се среќавал и разговарал Зекири, туку сите што биле во контакт со него. Три четвртини од луѓето од тој кластер се тестирани, кажа Филипче. На новинарско прашање, тој кажа дека не знае за нечија друга хоспитализација од овој кластер, освен на тричленото семејство Зекири.

    Прашан дали по тридневниот полициски час под кој поради Скопје, ќе биде две третини од вкупното население на Република Северна Македонија, од понеделник ќе си биде се по старо, без полициски час и со отворени кафеани, Филипче кажа:

    „Во понеделник ќе носиме нови одлуки, во зависност од ситуацијата со новозаболените“.

    На постојани новинарски инсистирања да каже што ќе смени овој полициски час, кога актуелните новозаболени се заразиле практично пред две недели, кога функционираше полицискиот час се уште и немаше отворени кафеани, министерот кажа:

    „Ова е дополнителна мерка на интензивната работа на терен на епидемиолозите“.

    На почетокот искажа разочараност од неказнувањето од страна на МВР за неносење заштитни маски и опрема и за непочитување на полицискиот час од сите граѓани и кажа дека поради тоа е оваа ситуација на толкав број новозаразени лица со коронавирус. Но, подоцна Филипче кажа дека денеска многу детално споделиле информации епидемиолозите и директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, разработиле стратегија, за тие главни проблеми со кои се соочуваат на терен, ги искоординираат со полициска асистенција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира