ПРАТЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ОДМОРАТ ЗА ДА БИДАТ ПОЕФИКАСНИ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ПРАТЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ОДМОРАТ ЗА ДА БИДАТ ПОЕФИКАСНИ, ВЕЛИ ЗАЕВКоментарот на Заев доаѓа по предлогот на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов пратениците и министрите во текот на јули и август, наместо на одмор, да одат на работа. (архивска фотографија)

    Премиерот Зоран Заев вели дека пратениците треба да одат на одмор летово, затоа што според него одморен човек е поефикасен.

    „Социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинден парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но парламентот е над Владата, над мене како премиер и јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие, ќе почитувам. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање на отворање на нова спортска сала во скопската општина Ѓорче Петров.

    Коментарот на Заев доаѓа по предлогот на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов пратениците и министрите во текот на јули и август, наместо на одмор, да одат на работа со цел периодот да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите, и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира