ПРЕГОВАРАВ СО КАМЧЕВ ПРЕКУ ПОСРЕДНИК ДА СТАНЕ СОРАБОТНИК-СВЕДОК ЗА НОВА ПРЕДИСТРАГА, ВЕЛИ ЈАНЕВА ЗА СНИМКИТЕ

    ПРЕГОВАРАВ СО КАМЧЕВ ПРЕКУ ПОСРЕДНИК ДА СТАНЕ СОРАБОТНИК-СВЕДОК ЗА НОВА ПРЕДИСТРАГА, ВЕЛИ ЈАНЕВА ЗА СНИМКИТЕИталијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави трето продолжение од разговорите меѓу Бојан Јовановски-Боки 13, осомничен во „Рекет“, и Орце Камчев, сведок во „Рекет“ и осомничен во „Империја“. - Катица Јанева на прес-конференција на 23 јули кога најави десетина нови истраги на СЈО, кои според нејзе ќе го дадат одговорот зошто „некој со сите сили и со невидена медиумска хајка“ се обидува да го загрози нејзиниот и кредибилитетот на СЈО (Фото: К. Попов)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека преговарала со Орце Камчев да стане соработник-сведок во нова предистрага на СЈО и објаснува дека таквите преговори често се одвиваат преку посредници, во изјава објавена на сајтот на СЈО во врска со денешните објавени разговори на Боки 13 и Камчев за случајот „Рекет“.

    „Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители“, вели Јанева.

    Таа тврди дека во интерес на предистрагите и истрагите кои ги води СЈО повеќе пати разговарала со разни лица, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.

    „Во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Јавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници“, вели Јанева.

    Специјалната обвинителка ги повика истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на нејзиното име.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира