ПРЕКИНАТА КОМИСИСКАТА РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, ЗА АМАНДМАНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ РАСПРАВА НА 25 ДЕКЕМВРИ

    ПРЕКИНАТА КОМИСИСКАТА РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, ЗА АМАНДМАНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ РАСПРАВА НА 25 ДЕКЕМВРИПратеникот на БЕСА Фадил Зендели одби да го послуша претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби да ја напушти говорницата. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби ја прекина расправата за Предлог – законот за употреба на јазиците, бидејќи пратеникот Фадил Зендели од БЕСА не сакаше да ја напушти говорницата. Караницата помеѓу пратениците на БЕСА и претседателот на комисијата Груби започна по одбивањето на еден амандман, поднесен од БЕСА, по што Груби не му даде збор на Зендели да одговори за одбиениот амандман.

    Груби потоа започна со говорот и во тој момент од БЕСА побараа збор процедурално, но Груби не им даде збор, со образложение дека во тек на говор не може процедурално да се бара. Пратениците на БЕСА незадоволството го изразија со удирање по собраниските клупи. Иако пратениците на БЕСА удираа по клупите и бараа процедурално, Груби продолжи со говорот како седницата да се одвива во нормални услови. Зендели тогаш излезе на говорницата и почна на албански јазик да го дава образложението за поднесениот амандман. Тогаш Груби даде пауза на неодредено, додека не се создадат услови за повторно одржување на комисијата.

    На расправата присуствува и претставник на Владата, министерот за правда Билен Саљији. Претходно, претседателот на комисијата Груби рече дека денес ќе се разгледуваат амандманите на СДСМ и БЕСА, а 84-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ ќе се разгледуваат на 25 декември за да ѝ даде можност на опозицијата да даде озбразложение на поднесените амандмани.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира