ПРЕКИНОТ Е ЗА ТЕХНИЧКИ УСОГЛАСУВАЊА, ПОПИСОТ УСПЕШНО ЌЕ ЗАВРШИ НА 30 СЕПТЕМВРИ, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

    ПРЕКИНОТ Е ЗА ТЕХНИЧКИ УСОГЛАСУВАЊА, ПОПИСОТ УСПЕШНО ЌЕ ЗАВРШИ НА 30 СЕПТЕМВРИ, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКАВо првите четири дена од пописот се попишани повеќе од 200.000 граѓани. - Директорот на ДЗС Апостол Симовски (Фото: СДК.МК)

    Државниот завод за статистика (ДЗС) вели дека се прават технички усогласувања со цел пописот да продолжи со несмален интензитет и дека а заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја.

    Во првите четири дена од пописот се попишани повеќе од 200.000 граѓани, додаваат од ДЗС.

    „Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет, се вели во соопштението од ДЗС. Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја“, се вели во соопштението на ДЗС.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира