ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ ЌЕ ЈА РАЗРЕШИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРКАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ ЌЕ ЈА РАЗРЕШИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРКАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    По промените во Министерството за финансии, премиерот Емил Димитриев ќе направи ротација и на позицијата заменик-министер за надворешни работи. Тој ќе побара разрешување на заменик-министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска. На нејзино место Димитриев ќе го предложи Илија Исајловски кој е дипломат од кариера со богато искуство во меѓународни организации и разивање на дипломатски односи. Во Министерството за надворешни работи Исајловски е вработен уште во 1996 година и поминал низ сите професионални скалила. Извесен период работел и во одделението за политички билатерални односи со државите од Западна и Централна Европа, како и амбасадор на Р. Македонија во Украина, Руската Федерација и е актуелен амбасадор во Народна Република Кина, од каде ги покрива и ДНР Кореа, Виетнам, Кралството Тајланд и Монголија.
    На позицијата нов министер за финансии, по оставката на Зоран Ставрески пради здравствени проблеми, Димитриев ќе го предложи  актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски.
    Се очекува утре Собранието на Република Македонија да расправа и ги констатира оставките, по што ќе бидат именувани новиот министер за финансии и заменик-министер за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари