ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ НАЈАВИ СУБВЕНЦИИ И ВРАБОТУВАЊА И ВО 100-ТЕ ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ НАЈАВИ СУБВЕНЦИИ И ВРАБОТУВАЊА И ВО 100-ТЕ ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИ

    Премиерот Емил Димитриев ги предложи за министри за внатрешни работи Оливер Спасовски и за труд и социјална политика Фросина Ременски на штотуку почнатата собраниска седница за избор на преодна влада за спроведување на предвремените избори на 11 декември. Но тој, освен што рече дека очекува преодната влада да обезбеди овие 100 наредни дена услови за фер и демократски избори, кажа и дека паралелно ќе се спроведуваат и почнатите проекти на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ: отворање нови работни места, вработувања, делење субвенции за земјоделците, изградбата на патна структура, набавката на опрема во здравството, што се проекти за кои опозицијата обвинува дека власта купува гласови пред секои избори.

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, пак, рече дека двајцата министри од СДСМ се влог на партијата за обезбедување фер и демократски избори, а не делење на власт со ВМРО-ДПМНЕ, а никако тендерcка коалиција со партијата на Никола Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира