ПРЕТЕПАН НОВИНАРОТ ЗОРАН БОЖИНОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ГО ОСУДИ НАПАДОТ

    ПРЕТЕПАН НОВИНАРОТ ЗОРАН БОЖИНОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ГО ОСУДИ НАПАДОТОд МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.(Фото: СДК.МК)

    Новинарот Зоран Божиновски синоќа бил претепан во Битола. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, во 20.42 часот во СВР Битола, П. С. пријавила дека на улица Кочо Рацин нејзиниот сопруг З. Б. бил физички нападнат од неколку лица. Во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    За инцидентот реагираше претседателот Стево Пендаровски кој кажа дека нajостро го осудува нападот врз Божиновски.

    Република Северна Македонија е правна држава во која се штитат човековите права и слободи, затоа повикувам за ефикасна истрага на овој случај. Неприфатливо е насилчничко однесување кон кој било граѓанин без разлика на професијата“, стои во реакцијата од Пендаровски.

    Божиновски денеска на својот фејсбук профил објави слика од него после претепувањето и напиша „ова е небезбедна држава и секој може да ве начека пред вашиот влез и да ве претепа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира